Адвокати Лого

Профил

ЗА НАС

АДВОКАТИ е стручно оспособена адвокатска канцеларија основана од страна на Маја Парговска Адвокат и Застапник од областа на индустриската сопственост.

Соработката со АДВОКАТИ Ви нуди и овозможува брзи и потполни адвокатски услуги во многу правни области, вклучувајќи професионални консултантски услуги и застапување.

Наша основна цел е на нашите ценети Клиенти да им понудиме целосна правна услуга во остварувањето на нивните уставни и законски права. Во соработка со нашите Клиенти тежнееме кон изнаоѓање на најдобри решенија за поставените правни проблеми, нудејќи широк спектар на професионални решенија и висококвалитетни правни услуги.

Нашето работење се потпира на принципите на највисок професионализам и следење на утврдените етички правила на професијата.

Адвокатската Канцеларија АДВОКАТИ е во постојан процес на зголемување на човечките ресурси: адвокати, стручни соработници, експерти од разни релевантни области и адвокатски приправници.

ПРАКСА

Нашата Адвокатска канцеларија нуди постојана правна помош и застапување на домашни и странски правни субјекти, како и домашни и странски физички лица во случаи кои се водат пред судовите на Република Македонија, како и пред управни органи, институции (локални и државни), пред домашни и странски арбитражни судови, невладини организации и други институции.

Соработуваме со бројни странски и интернационални адвокатски канцеларии и фирми специјализирани во областа на корпоративното и меѓународното право.

СОРАБОТНИЦИ

Адвокатската канцеларија остварува континуирана соработка со надворешни соработници и реномирани експерти и советници од различни области на правото.

Остваруваме успешна соработка со стручни лица и консултанти од различни области (даночни и финансиски експерти, вешти лица и проценители од сите области, овластени судски преведувачи и многу други).

  • Маја Парговска

    Адвокат и Застапник во областа на индустриската сопственост

    +389 (0) 76 375 000

    maja.pargovska
    @advokati.com.mk

  • Aнета Dоневска

    Правник

    +389 (0) 76 375 222

    aneta.donevska
    @advokati.com.mk

  • Марија Поповска

    Правник и Постојан судски преведувач од македонски на англиски и обратно

    +389 (0) 76 375 666

    marija.popovska
    @advokati.com.mk

  • Влатко Стрезовски

    Правник

    +389 (0) 76 375 333

    vlatko.strezovski
    @advokati.com.mk

  • Јасна Таневска

    Постојан судски преведувач од англиски на македонски јазик и обратно

    +389 (0) 76 375 111

    mail
    @advokati.com.mk

Контакт

Миладин Поповиќ 13, општина Карпош

1000 Скопје, Република Македонија

Тел. +389 (0)2 325 66 57

Факс. +389 (0)2 325 66 57

mail@advokati.com.mk

Маја Парговска

Адвокат / Застапник во областа на индустриската сопственост

+389 (0) 76 375 000

maja.pargovska@advokati.mk

© 2012 Адвокати Маја Парговска, Сите права се задржани