Адвокати Лого

Насочени сме кон давање на професионални услуги за нашите Клиенти, водејќи се по принципите на стручност, навременост, истрајност, прагматичност и економичност.

Прашања

Потребна ми е консултација со адвокат за да утврдам дали имам основ да тужам?

Можете да не побарате на +389 (0)2 32 56 65 7 или да ни пишете на mail@advokati.com.mk за да договориме состанок со некој од нашите адвокати.

Доколку ми е потребна информација или одговор на некое прашање за времетраење на спорот, кому да се обратам?

Како наш Клиент, имате право да бидете информирани за Вашиот предмет. Во било кое време можете да ја повиката нашата канцеларија на +389 (0)2 32 56 65 7 или да ни пишете на mail@advokati.com.mk и адвокат од нашата Канцеларија ќе Ви одговори на Вашите прашања.

Кој е минималниот, а кој максималниот број на основачи на Друштво со ограничена одговорност и дали согласно македонските закони основач на вакво друштво може да биде и странско правно лице?

Друштво со ограничена одговорност може да биде основано од едно или од повеќе физички и правни лица, како домашни така и странски. Друштвото со ограничена одговорност може да има најмногу 50 (педесет) содружници.

Доколку бројот на содружниците на друштвото го надмине бројот 50 (педесет), содружниците, односно органите на друштвото мораат да преземат дејствија за усогласување на бројот на содружниците во согласност со законскиот максимум и тоа во рок од една година од денот кога бројот на содружниците се зголемил над 50 (педесет).

Ако не бидат преземени дејствија за усогласување на бројот на содружниците во согласност со законскиот максимум, содружниците, односно органите на друштвото се должни, во рок од една година од денот кога бројот на содружниците се зголемил над 50 (педесет), да преземат дејствија за преобразба на друштвото во акционерско друштво или да спроведат ликвидација на друштвото.

Заинтересирани сме да основаме Акционерско Друштво во Република Македонија. Кој е минималниот износ на основна главнина за овој вид на правни субјекти?

Со Законот за трговските Друштва на Република Македонија утврдени се два начина на основање на Акционерско Друштво: симултано и сукцесивно.

Најмалиот номинален износ на основната главнина, кога друштвото се основа симултано (без јавен повик за запишување акции) изнесува најмалку ЕУР 25.000 во денарска противвредност, според средниот курс на Народната банка на Република Македонија, објавен на денот пред усвојувањето на статутот.

Најмалиот номинален износ на основната главнина, кога друштвото се основа сукцесивно (преку јавен повик за запишување акции) изнесува најмалку ЕУР 50.000 во денарска противвредност.

Дали лице од странска држава може да поднесе пријава за меѓународна заштита на трговска марка преку надлежниот завод за индустриска сопственост на Република Македонија?

Државјанин на странска држава односно странско правно лице пред Државниот Завод за Индустриска Сопственост на Република Македонија може да поднесе само пријава за домашна заштита на трговска марка, додека за меѓународан заштита ќе треба да се обрати до надлежниот завод за индустриска сопственост на својата матична земја.

Дали странско физичко лице е обврзник на данок на доход?

Согласно Законот за персоналниот данок од доход, резидент е физичко лице кое на територијата на Републиката има постојано живеалиште и престојувалиште.

Резидентот има престојувалиште ако на територијата на Републиката претстојува непрекинато или со прекини 183 или повеќе дена во кој било 12-месечен период.

Согласно македонските закони, во кој рок застаруваат побарувањата од договори за промет на стоки и услуги?

Согласно Законот за облигационите односи, меѓусебните побарувања на договорните страни од договорите во прометот на стоки и услуги, како и побарувањата на надомест за издатоци направени во врска со тие договори, застаруваат за три години.

Контакт

Миладин Поповиќ 13, општина Карпош

1000 Скопје, Република Македонија

Тел. +389 (0)2 325 66 57

Факс. +389 (0)2 325 66 57

mail@advokati.com.mk

Маја Парговска

Адвокат / Застапник во областа на индустриската сопственост

+389 (0) 76 375 000

maja.pargovska@advokati.mk

© 2012 Адвокати Маја Парговска, Сите права се задржани