Адвокати Лого

Насочени сме кон давање на професионални услуги за нашите Клиенти, водејќи се по принципите на стручност, навременост, истрајност, прагматичност и економичност.

Услуги

Наша цел е да воспоставиме непосреден однос со нашите Клиенти и безрезервно да се посветиме на развој на решенија и примена на праксата со цел исполнување на целите на нашите Клиенти преку почитување на прописите и правната сигурност.

Граѓанско право

  • Граѓански постапки
  • Вопарнични постапки
  • Извршни постапки
  • Материјални или нематеријални штети
  • Имотно, семејно и наследно право

Право од областа на работните односи

  • Договори за работа и менаџерски договори
  • Правилници за работа и друг вид правилници од областа на работните односи
  • Засновување и престан на работни односи
  • Права, обврски и одговорности од работни односи
  • Колективни договори
  • Работни спорови

Стопанско право

  • Договори од областа на стопанското право
  • Стопански спорови
  • Наплата на долгови

Кривично право

  • Прекршочна постапка
  • Предистражна постапка
  • Истражна постапка
  • Кривична постапка

Корпоративно право

  • Општи совети во врска со корпоративното право, делување и управување
  • Основање на акционерски друштва, друштва со ограничена одговорност и основања на претставништва и подружници на странски друштва
  • Изработка на акти (договори и изјави) за основање, правилници и други интерни корпоративни акти
  • Статусни промени (присоединување, спојување и поделба), намалување и зголемување на основна главнина и сите други видови на промени во трговските друштва
  • Совети и подготовка на целокупна потребна документација за одржување на Собир на Содружници, Акционерски Собранија, состаноци на управни и надзорни одбори, како и присуство и учество на истите
  • Совети во врска со регистрација на трговски друштва за вршење на дејност за која согласно закон се потребни посебни дозволи/лиценци/одобренија, подготовка на целокупната потребна документација за обезбедување на потребните дозволи/лиценци/одобренија и спроведување на постапките
  • Регистрации и поднесувања на документи за спроведување на постапки пред Централен Регистар (Трговски регистар и Регистар на други правни лица, Регистар на директни инвестиции), Комисија за хартии од вредност, Централен Депозитар на Хартии од Вредност АД Скопје, Македонска Берза АД Скопје, Управа за Јавни Приходи, Регулаторна комисија за енергетика и други регулаторни тела
  • Изработка на правни due diligence и советување во постапки на превземања и припојувања
  • Посредување и изработка на целокупна потребна документација во врска со трансакции (писма за намера, меморандуми за соработка, договори, писма и друг вид дописи, договори и изјави за доверливост)
  • Поднесување на барања за одобрувања на концентрации
  • Гаснење на трговски друштва и други форми на правни лица

Финансиско право

  • Основање на банки, лизинг друштва, финансиски друштва и инвестициони фондови
  • Подготовка на целокупната потребна документација за обезбедување на потребните дозволи/лиценци/одобренија
  • Изработка на акти за основање, правилници и други интерни акти за наведените друштва, како и совети за усогласување со измените на законските прописи
  • Статусни промени и сите други видови на промени во наведените друштва, на начин и според условите определени со позитивните законски прописи
  • Преземања, спојувања и припојувања, изработка на правни due diligence, советување на продавачи, потенцијални купувачи и целното друштво во постапки за превземања, застапување пред надлежните тела при преземања

Право на недвижности

  • Договори за купопродажба и размена на недвижности
  • Правна помош во воспоставување, упишување и бришење на хипотеки
  • Правна помош во процедури за добивање на потребни дозволи за градење, запишување на права на недвижности , уписи на промени на права на недвижности
  • Судски и управни постапки во врска со недвижности

Индустриска сопственост и авторско право

  • Регионална и меѓународна заштита на трговски марки
  • Регионална и меѓународна заштита на индустриски дизајн
  • Регионална и меѓународна заштита на патент
  • Регионална и меѓународна заштита на географски назив
  • Авторско право

Стечајни постапки

  • Застапување во стечајни постапки

Други правни области

  • Постапки за добивање на дозволи за вршење на одделни дејности од енергетиката (производство, трговија и концесии)
  • Застапување во постапки за добивање на дозволи/лиценци за игри на среќа
  • Основање на здруженија, фондации и други организации и спроведување на промени во истите
  • Постапки за добивање на визи, дозволи за престој, работни дозволи за странски државјани

Контакт

Миладин Поповиќ 13, општина Карпош

1000 Скопје, Република Македонија

Тел. +389 (0)2 325 66 57

Факс. +389 (0)2 325 66 57

mail@advokati.com.mk

Маја Парговска

Адвокат / Застапник во областа на индустриската сопственост

+389 (0) 76 375 000

maja.pargovska@advokati.mk

© 2012 Адвокати Маја Парговска, Сите права се задржани