ЗА НАС
АДВОКАТИ е стручно оспособена адвокатска канцеларија основана од страна на Маја Парговска Адвокат и Застапник од областа на индустриската сопственост. Соработката со АДВОКАТИ Ви нуди и овозможува брзи и потполни адвокатски услуги во многу правни области, вклучувајќи професионални консултантски услуги и застапување. Наша основна цел е на нашите ценети Клиенти да им понудиме целосна правна услуга во остварувањето на нивните уставни и законски права. Во соработка со нашите Клиенти тежнееме кон изнаоѓање на најдобри решенија за поставените правни проблеми, нудејќи широк спектар на професионални решенија и висококвалитетни правни услуги. Нашето работење се потпира на принципите на највисок професионализам и следење на утврдените етички правила на професијата. Адвокатската Канцеларија АДВОКАТИ е во постојан процес на зголемување на човечките ресурси: адвокати, стручни соработници, експерти од разни релевантни области и адвокатски приправници.
ПРАКСА
Нашата Адвокатска канцеларија нуди постојана правна помош и застапување на домашни и странски правни субјекти, како и домашни и странски физички лица во случаи кои се водат пред судовите на Република Македонија, како и пред управни органи, институции (локални и државни), пред домашни и странски арбитражни судови, невладини организации и други институции. Соработуваме со бројни странски и интернационални адвокатски канцеларии и фирми специјализирани во областа на корпоративното и меѓународното право.
СОРАБОТНИЦИ
Адвокатската канцеларија остварува континуирана соработка со надворешни соработници и реномирани експерти и советници од различни области на правото. Остваруваме успешна соработка со стручни лица и консултанти од различни области (даночни и финансиски експерти, вешти лица и проценители од сите области, овластени судски преведувачи и многу други).