Политика на приватност
АДВОКАТ МАЈА ПАРГОВСКА
ВОВЕД
Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата интернет страна и/или користите некоја од нашите услуги преку истата. Ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни да ги оствариме нашите законски задачи и овластувања. Адвокат Маја Парговска обработува лични податоци со цел да обезбеди услуги на клиенти или лични податоци што се обезбедени од субјекти на лични податоци по нивна иницијатива. Ова вклучува детали за контакт и други лични подтаоци што се неопходни за водење на Вашиот предмет, лични податоци што сте ги пополниле на формулари за контакт или веб-формулари, податоци кои ги собираме за време на интервјуа, лични податоци достапни на јавни веб-страници или лични податоци што може да се добијат од јавни регистри.
ИЗЈАВА ЗА ПРИВАТНОСТ
Адвокат Маја Парговска врши обрабока на лични податоци. Оваа Политика на приватност е подготвена согласно законската обврска за информирање на субјектите на податоци за да на транспарентен и јасен начин Ве информираме за обработката на личните податоци која ја вршиме. Адвокат Маја Парговска ги презема сите потребни мерки за заштита на Вашите лични податоци
КОНТРОЛОР И КОНТАКТ ДЕТАЛИ
Адвокат Маја Парговска е контролор во однос на обработката на вашите лични податоци.. Ако се појават прашања во врска со оваа Политика на приватност, можете да не контактирате: Адреса: бул. 8-ми Септември бр. 3/2-75 Тел.: +389 (0) 23 25 66 57 Е-маил: maja.pargovska@advokati.com.mk
ЧИИ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ГИ СОБИРАМЕ
Можеме да собираме податоци поврзани со следниве категории на лица:
- посетители на веб-страницата www.advokati.com.mk
- клиенти и потенцијални клиенти на Адвокат Маја Парговска, нивните застапници и вистински сопственици;
- сегашни и поранешни вработени како и апликанти за слободни работни места кај Адвокат Маја Парговска;
- лица кои се заинтересирани за услугите на Адвокат Маја Парговска;
- луѓе кои се поврзани со правно/физичко лице со кое Адвокат Маја Парговска има, сака да има или имал деловна поврзаност;
- секое друго лице што го контактира Адвокат Маја Парговска
КАКО ГИ СОБИРАМЕ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
- со Вашето користење на нашата веб страна;
- преку нашите е-маил адреси: maja.pargovska@advokati.com.mk; mail@advokati.com.mk; marija.popovska@advokati.com.mk;
- преку пошта
- усно (за што потпишувате соодветно полномошно/согласност)
ЦЕЛ НА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Адвокат Маја Парговска ги обработува Вашите лични податоци за следниве цели:
-ПОДАТОЦИ ЗА НАВИГАЦИЈА
Вообичаено собираме податоци за навигација кои се користат за анализирањето на податоците од посетите на нашата веб- страна како и за одржување на информациска сигурност на нашата веб страна. Повеќе за употребата на колачиња прочитајте ја нашата Политика за користење на колачиња (cookies) (линк). При посетата на нашата интернет страна серверот, за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:
- Вашата интернет протокол (IP) адреса;
- Уредот од кој пристапувате, вид и модел;
- Вашиот оперативен систем;
- Видот на пребарувачот, plugins и верзија;
- Страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето кое го минувате на секоја страна;
- URL на страната која ве префрлила на нашата веб-страна и во некои случаи, термините кои сте ги користеле во обидот да ја најдете страната на Адвокат Маја Парговска;
- Јазикот на пребарувачот кој го користите;
- Држава (се одредува преку IP адресата)
Серверските логови автоматски се бришат во рок од 15 дена, освен доколку околностите налагаат подолго задржување, на пример, за да се истражи вирус или злонамерен напад. Нашиот сервер го одржува ХХХХХХ и сите активности на веб страната ги спроведуваме интерно, вклучувајќи ги логовите кои се креираат и анализирањето на податоците кои се пренесуваат од посетите на нашата веб- страна
-ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПРАВНИ УСЛУГИ
Ако нѐ ангажирате за правна помош и услуги, ќе биде потребно да ги споделите вашите контакт детали со нас. Исто така, во зависност од природата на предметот, може да биде неопходно да се соберат други лични податоци за да се води вашиот предмет. Покрај тоа, вашите лични податоци ќе се користат за фактурирање на дадените услуги. Во зависност од природата на предметот, Вашите лични податоци може да биде потребно да се споделат со трети лица (Централен Регистар, Агенција за катастар на недвижност, нотари, банки итн.).
-ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ИНФОРМАЦИИ
Адвокат Маја Парговска ги регистрира Вашите лични податоци и ги чува овие податоци со цел да Ви достави информации. Ова може да биде информација во врска со Вашиот предмет или по прашање за кое сте пројавиле интерес во контакт со нас. Адвокат Маја Парговска обработува лични податоци со цел да Ве контактираме и да Ви ги обезбедиме бараните информации.
-ИСПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНСКИ ОБВРСКИ
Адвокат Маја Парговска врши обработка на Вашите лични податоци со цел исполнување на законски обврски. Согласно законските обврски кои важат за адвокатите, ние сме должни да го верификуваме Вашиот идентитет врз основа на валиден документ за идентификација
-ВРАБОТУВАЊЕ И СЕЛЕКЦИЈА
Адвокат Маја Парговска собира лични податоци за сегашни и поранешни вработени согласно законските прописи и рокови за чување. Адвокат Маја Парговска исто така ги собира Вашите лични податоци заради регрутирање и селекција на апликанти/кандидати. Кога испраќате апликација за работа до Адвокат Маја Парговска, Вашите лични податоци се чуваат со цел да утврдиме дали да бидете поканети на интервју за работа и за да ве контактираме во врска со Вашата апликација.
ОСНОВИ ЗА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Адвокат Маја Парговска ги обработува Вашите лични податоци врз основа на една или повеќе од следниве основи:
-СОГЛАСНОСТ
Адвокат Маја Парговска може да ги обработува Вашите лични податоци затоа што сте дале согласност за таквата обработка. Вие имате право да ја повлечете оваа согласност во секое време.
-ВРЗ ОСНОВА НА ПОЛНОМОШНО/ДОГОВОР ЗА АДВОКАТСКИ УСЛУГИ
Ако сте го ангажирале Адвокат Маја Парговска за да обезбедување на правна помош и услуги, Вашите лични податоци ќе ги обработуваме сѐ додека е потребно за извршување на овие услуги или додека соодветните законски прописи тоа го налагаат од нас.
-ПРАВНИ ОБВРСКИ
Вашите лични податоци ги обработуваме и со цел да се усогласиме со законските обврски. Согласно Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, адвокатите се должни да соберат и да чуваат одредени информации. Ова, меѓу другото значи дека идентитетот на клиентите мора да се провери.
-ЛЕГИТИМНИ ИНТЕРЕСИ
Адвокат Маја Парговска ги обработува Вашите лични податоци кога имаме легитимен интерес да го сториме тоа и кога обработката не го нарушува Вашето право на приватност.
ПРЕНОС НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ТРЕТИ СТРАНИ
Адвокат Маја Парговска ги открива Вашите лични податоци само на трети страни кога тоа е неопходно за обезбедување на нашите услуги, почитувајќи ја законската регулатива. Ова може да вклучува склучување договори, кореспонденција со договорната страна, обелоденување лични податоци во врска со (правни, административни, управни и сл.) постапки и сл.. В случај на ангажирање на даватели на услуги ако Адвокат Маја Парговска ги ангажира како обработувачи истите ќе бидат обврзани да постапуваат по упатствата на Адвокат Маја Парговска и при обезбедувањето на тие услуги да обезбедат заштита на личните податоци кои се обработуваат. Покрај тоа, Адвокат Маја Парговска може да пренесе лични податоци по барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законски основ за тоа.
ВРЕМЕ НА ЧУВАЊЕ НА СОБРАНИТЕ ПОДАТОЦИ
Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката, а за истите се во согласност со законски и интерно утврдените рокови на чување на личните податоци.
ПРАВА НА СУБЈЕКТИТЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:
- право да бидете информирани за обработката на личните податоци
- право на пристап до личните податоци
- право на исправка и бришење на личните податоци
- право на ограничување на обработката на личните податоци
- право на приговор
- право да ја повлечете дадената согласност за обработна
За било кое од горенаведените права може да поднесете барање до Адвокат Маја Парговска со испраќање е-пошта на следната адреса: maja.pargovska@advokati.com.mk
ПРОМЕНА НА ПОЛИТИКАТА НА ПРИВАТНОСТ
Оваа Политика на приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени во законската регулатива.